По секојдневните предупредувања и закани да не се чепка албанскиот јазик и дека ДУИ ќе ги употреби сите политички, правни и демократски средства за да се спротивстави, како и повиците сите Албанци да застанат против опасноста за јазикот, од вчера на Фејсбук ограноци и членови на ДУИ споделуваат видео со лидерот Али Ахмети како врховен командант на поранешната ОНА.
Како што објавува СП на видеото се слушаат воинствени песни за ОНА и за командантот Ахмети, како и фотографии и видеа на Ахмети во униформа на УЧК и средби на лидерот на ДУИ со косовски и албански политичари. Во фокусот на милитантното видео е обраќање на Ахмети најверојатно од некој митинг или собир кое изобилува со воинствена реторика, пишува весникот.
Најблискиот соработник Артан Груби му е во бегство и е дел од Црната листа на САД.
Најчитани статии






