Лидерот на ДУИ смета дека партијата Алијанса на Албанците на Зијадин Села е несериозна.
Во изјава за емисијата Klikplus на ТВ 21 лидерот на Демократската Унија за Интеграции како една од причините за несериозност на Алијансата го наведува бројот на пратеници во Собранието.
Партијата на Ахмети на доброволна основа влезе во коалиција со Алијансата на Албанците кога таа имаше три пратеници.
Сега со еден пратеник помалку оваа партија според ДУИ загубила на сериозност.






