Носителот на листата од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица Драган Ковачки вели дека ДУИ вршеле масовен поткуп во овој регион и се заканувале и уценувале.
-Сакам да упатам порака до Али и Груби. Деновиве слушам дека вршат масовен поткуп, се закануваат и уценуваат, го прачаат Кренар Лога потчкото од Алијанса во Делчево и Берово се со цел да добијат еден пратеник овде во третата изборна единица. Кренар не си ги валкај рацете. Не ти е таму местото. Повлечи се додека е време, ќе завршиш во затвор, како министер за правда знаеш дека тоа што го правиш е против законски, вели Ковачки.
Тој потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ е во сојуз со народот, а СДС во сојуз со ДУИ и кирминалот.
-Ние сме во сојуз со народот, со овој македонски народ кој го крена својот глас против криминалот на СДС и ДУИ. Ние сме во сојуз со земјоделците, со работници, со здравствените работници. ВМРО-ДПМНЕ е сојузник со пензионерите, ВМРО-ДПМНЕ е сојузник со младите, со просветните работници, со културните работници. За разлика од нас Димитар Ковачевски е во сојуз со Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи, Крешник Бектеши, и неколкумина од ДУИ кои Македонија ја гледаат како приватен бизнис. Се обезбедија и себе си и следните генерации, додека народот трпи и едвај врзува крај со крај, тие од СДС и ДУИ стануваат сопственици на трговски центри, на милионски фирми. Живеат во хациенди какви што гледаме само по филмовите. Епа доста е, изјави Ковачки.
Ковачки му посочи на Ахмети, дека во третата изборна единица луѓето се тотална спротивност од него, односно дека се работливи, чесни, вредни и достоинствени, како и дека токму тојнарод ќе го збриши на 8 мај и ќе го испрати конечно во опозиција после 22 години власт.
-Али ова не е Мала Речица. Нечесните пари со кои сакаш да ги поткупиш граѓаните задржи ги за себе, ќе треба да ги вратиш после 8 мај. Јас ти ветувам секој денар што го зема ќе мора да го вратиш. Овде во третата изборна единица живеат луѓе сосема спротивни од тебе. Овие луѓе се чесни, достоинствени, работливи, земјоделци, кој чесно заработуваат и кој не можеш да ги купиш со твоите валкани пари, истакна тој и додаде:
Али, овде нема место за криминалци како тебе и мешетарот Груби, овде нема трговски центри кои вие сакате да ги земете без ниту еден денар влог, нема овде рекетирање, нема овде бизнис зделки за да профитирате. Затоа да си ги соберете парталите со Груби и да се изгубите од тука. Не си фактор овде, време е после 22 години власт да заминеш во длабока опозиција. Вашите комбинации и валкани дилови завршуваат на 8 мај. Полтрони може да ти бидат само СДС, Ковачевски и Пендаровски, но не и македонскиот народ. ГОТОВ СИ. Народот овде во тројка на 8 мај ќе те збрише и тебе и ДУИ!!!





