Ахмети повторно го навреди Мицкоски: Тој не знае како се води држава

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва повторно го навреди лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Тој рече дека Мицкоски не знаел како се води држава. Тој во емисија на ТВ 21 рече дека Христијан Мицкоски направил грешка, и затоа му кажал дека е млад и треба внимателно да ги слуша неговите изјави затоа што не го провоцира.



„Тој не требаше да ја започне оваа битка бидејќи со мене не може да излезе на крај, јас не сум го провоцирал туку сум кажам една вистина дека тој се уште нема ниту еден ден на чело на државата. Тој е седум години опозиција и тој не знае како се раководи државата, тој не знае како се градат институциите, ние сме држава и сносиме одговорност за раководење на државата, сносиме одговорност за да нема меѓуетнички разлики, сносиме одговорност да не повикуваме за да гласаат или да не гласаат против овој или оној. Народот е тој што одлучува и воопшто не е навреда за г. Христијан Мицковски туку е совет од еден човек кој има 22 годишно искуство во политичкиот организацискиот живот и водење на државата“, вели Ахмети.