Ахмети очекува да се постигне „политички и етнички консензус за одржување и парламентарни избори, заедно со локалните“, оти е тоа „најсоодветно за ДУИ“!

„Заедно со локалните, треба да се одржат и парламентарни избори.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети, осврнувајќи се на најновите политички случувања во земјата, вклучувајќи ја динамиката во Европскиот фронт и дискусиите за таканаречениот „Национален фронт“.



Ахмети рече дека „за ДУИ би било најсоодветно напоредно со локалните избори, да се одржат и парламентарни“. „Но за да се оствари ова потребно е да има политички консензус политички и етнички, сигурно.“ – посочи Ахмети.

„Ние сме заинтересирани да бидат колку е можно пообединети партиите во албанскиот политички кампус.“ – кажа лидерот на ДУИ.