„Сме биле покрај Македонците во најразлични ситуации и ќе останеме, но не прифаќаме тие да бидат аги, а ние да бидеме слуги. Секое загрозување на Охридскиот договор е опасност, затоа што става во движење опции, кои се непосакувани за нас, за мирот и стабилноста на регионот. Упатувам порака, без оглед на политичката чистка и бурите што ги прават, дека ДУИ е ураган! Ќе биде даден невиден отпор при секој обид за промена на Законот за јазиците. Но, ние не сакаме судир, туку влез во Европската унија.“ – нагласи лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети на вечерашниот традиционален новогодишен прием. Ова го објави информативната агенција на албански и македонски јазик „Журнал“.
Агенцијата натаму објавува: Во обраќањето Ахмети посочи дека „меѓуетничките односи се клучот за иднината на земјава“ и оти „СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ треба еднакво да работат за граѓаните“, бидејќи „оваа држава не е државата со Уставот од 1989 година кога се отстранија албанската и турската заедница“. „Да користиш селективна правда со реторика ‘повторно Македонија на Македонците’, е колку неправедно, толку и опасно, затоа што во правосудниот систем се користи селективна правда, а кадрите-Албанци се омаловажуваат. Ова не е добро, ова предизвикува револт во големи размери кај Албанците, но и кај другите етнички заедници.“ – изнесе Ахмети во својата реч.
Според него, „Охридскиот мировен договор е она, што прекина трагедии и го отвори патот на дијалогот и мирот“. „Ние не сме пишман, што го прифативме договорот: го потпишавме без оглед што компромисот не ги задоволува сите страни. Но гарант на овој договор се ЕУ и САД. Да го ставиш овој договор значи враќање назад. Претставниците на нашите граѓани, без разлика дали од СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, исто како нас треба да работат за граѓаните, бидејќи оваа држава не е државата со Уставот од 1989 година, кога се отстранија албанската и турската заедница. Овие пракси ниту биле добри, ниту се сега добри за мирот, стабилноста и безбедноста. Секое загрозување на Охридскиот договор е опасност, затоа што става во движење опции, кои се непосакувани за нас, за мирот и стабилноста на регионот.“ – кажа Ахмети.
Ахмети рече дека „единственото решение за владеење на правдата е спроведување на ветинг“, но, според него, „го избегнуваат сите политички страни“. „Немаме вистински ветинг, туку имаме селективно судство, што не врши функција според законите, туку нештата ги гледа од која етничка припадност доаѓаш. Единственото решение, за да имаме правда и праведно правосудство и држава каде што преовладува законот, што обезбедува рамнотежа на властите, е да направиме вистински ветинг. Не знам зошто страните го избегнуваат ветингот, да се направи избор на судии и обвинители од оние’, кои докажале дека го применуваат законот.“ – истакна лидерот на ДУИ Али Ахмети.





