Ахмети: Не пратив емисар кај Мицкоски за влез во Владата, влегов во политиката како востаник и нема да излезам како бацирака!

„Мицкоски изјави дека, божем, сум пратил емисар кај него да преговара за влегување во Владата. Христијан, сум влегол во политиката како востаник и нема да излезам како бацирака, се разбираме. Јас не бев раководител на некој клуб, ниту уметнички директор, туку бев водач на 12 илјади војници со сите видови оружја! За мене 22 години гласал народот.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети на средбите со жителите во Дебар и Центар Жупа денес. Тој побара од нив поддршка за парламентарните избори на 8 мај. Ова го јавија ТВ Клан Македонија и информативниот портал „Тетова сот“.



ТВ Клан Македонија пишува: Ахмети посочи дека Европскиот фронт ќе биде победник на изборите на 8 мај и оти народот одлучува кој ќе биде дел на Владата. „На оваа земја ѝ е местото во Европа, затоа за ова мораме да работиме сите заедно, Македонци и Албанци, а не да се враќаме во минатото и да не се огорчуваме, бидејќи јас сум викал „УЧК, УЧК“. УЧК е албанската гордост. УЧК ја спаси Македонија. Нема друга алтернатива освен ЕУ. Денес се чувствуваме поинаку како држава-членка на НАТО. Војните не се далеку од овде, тие се водат во Украина, Русија, и во Блискиот исток “ – рече Ахмети.

Тој натаму посочи: „Ние настојуваме овој Устав да го направиме уште поблизок до граѓаните на Република Македонија, да ја внесеме бугарската заедница во него, исто така и египќанската, црногорската и хрватската заедница. Македонија не исчезна, поради Охридскиот рамковен договор и промената на политичкиот и правниот статус на Албанците.“

Кандидатот за пратеник во изборната единица 5 Муса Џафери на собирот во Дебар изнесе: „Не сакаат судир ниту ДУИ, ниту партиите, кои се во Европскиот фронт. Не сакаат ниту ДУИ, ниту партиите од Европскиот фронт да имаме гранични пречки. Ние сакаме да помогнеме да не дојде до судир со бугарскиот сосед и колку да ги има да бидат дел на Уставот.“