„Партнерите во власта без етнички легитимитет ветија дека за 3 до 6 месеци ќе го променат Уставот. ДУИ нема да дозволи отстапување од европскиот пат и ќе инсистира на уставни измени, бидејќи граѓаните се решени да станат дел од Европската унија. Преговарачката рамка со Европската унија мора да биде спроведена од нас без никакво доцнење. ДУИ не сака и нема да биде дел од оваа влада, туку се бори за зачувување на националното достоинство од секојдневното газење, како и за почитување на Охридскиот договор и евроатлантската ориентација на земјата.“ – истакна ДУИ во своето соопштение, кое го објави, откако нејзиниот лидер Али Ахмети го прими шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје Килијан Вал. Соопштението на ДУИ го пренесе и весникот на албански јазик „Бота сот“ од Косово.
„Бота сот“ натаму пренесува: Во ова соопштение ДУИ истакнува дека нејзиниот претседател Ахмети и амбасадорот Вал разговарале за многу прашања во земјата и регионот, меѓу кои евроинтеграциите, приоритетите на ДУИ за земјата и граѓаните, легитимитетот, ситуацијата во * Македонија и Косово и т.н.
ДУИ наведува дека Ахмети му порачал на Вал оти ДУИ, без никакво сомневање, со сите сили, останува силен промотор на европскиот дух и пријателството со Америка кај нас, па затоа преговарачката рамка со Европската унија мора да биде спроведена од нас без никакво доцнење.





