Ахмети на пат да биде санкциониран од САД, што му требаше радикално видео по извршната наредба на Бајден

Вечниот лидер на ДУИ Али Ахмети е на добар пат да стане предмет на американски санкции, откако по извршната наредба на Бајден за проширување на рамката за Американката црна листа објави радикално видео во кое се зборува за војна, сабја и воени победи.



Ахмети кој поради инволвираноста на неговите најблиски луѓе во криминал и корупција веќе е на пат да стане дел од американската црна листа со новото радикално видео се квалификува да стане формален непријател на САД и поради обидот да го дестабилизира Западниот Балкан.

Официјален Вашингтон завчера објави нова рамка за корумпираните Балканци според која во иднина меѓу другите ќе страдаат и децата на луѓето од Црните листи.

Претседателот на САД, Џо Бајден, завчера потпиша нова извршна наредба за проширување на досегот на Црната листа, односно санкциите во врска со состојбата на Западен Балкан.

Веднаш потоа членови на ДУИ почнааа да споделуваат видео во кое се имплицира дека Ахмети е подготвен на радикални чекори а војната ја користи како алатка за закана.

Извршната наредба на Бајден ги надополнува условите за санкционирање лица кои ја загрозуваат стабилноста на регионот, вклучувајќи и оние кои работат против Преспанскиот и Охридскиот рамковен договор.

Според извршната наредба ќе се санкционираат: сите лица кои се лидери или функционери во ентитети кои се обидуваат да го нарушат мирот и стабилноста на Западен Балкан, лицата чии имоти се блокирани поради овие активности како и Брачни партнери или деца на лица под санкции.

Со видеото но и со неколку предходно изјави Ахмети веќе е на радарот кој ги снима обидите за дестабилизација на регионот.

Доколку Ахмети ги оствари заканите за војна дури и само ако зборува за војна тоа може да се толкува како обид за трајна дестабилизација на Западниот Балкан, дури и за демонтирање на Охридскиот договор кој според ДУИ е веќе имплементиран.

Извршната наредба исто така ги проширува санкциите на оние кои ја поткопуваат владеењето на правото, се вклучуваат во корупција или политички поткуп, како и на оние кои го загрозуваат територијалниот интегритет и човековите права во регионот.

Во овој дел со оглед на тоа што
санкции ќе се применуваат и на поддржувачи на овие активности Ахмети е во многу тешка состојба затоа што само според јавно достапни информации членови на неговото семејство и блиски партиски соработници се длабоко инволвирани во криминал.

За овој криминал Ахмети морал да знае затоа што е неверојатно дека не знаел за огромните државни тендери на новиот зет, возач, криминалот на Груби, на екс потпретседателот Мерко кои се на Црната листа.

Во Македонија Ахмети може да биде мирен се додека на чело на Јавното обвинителство за организиран криминал е Абаз Ислами човекот кој важи за човек на ДУИ кој досега не покренал ниту еден голем процес но за САД како што се виде со случајот Груби и други лица преходно пасивноста на македонското правосудство не може да биде спас од американски прогон.

Белата куќа исто така најави нови упатства за санкционирање на лица кои ја поткопуваат стабилноста на регионот, вклучително и со финансиски и правни чекори.

Дека Ахмети не знаел за притисокот што Груби го вршел врз членови на судски совет не верува никој затоа што самиот Груби велеше дека се што прави прави со наредба на Ахмети.

Дали Ахмети веќе знае дека е на радарот и е прашање на време кога ќе биде допишан на Црната листа на САД па затоа објави радикално видео за да може да зборува дека е санкциониран како албански патриот засега е само претпоставка.

Она што е сигурно е дека Ахмети има најмалку три основни да стане човек која својата кариера ќе ја заврши како човекот што ја поткопува стабилноста на Западниот Балкан.

Што има во видеото што ДУИ го објави дента откако Бајден ја прошири рамката за црната листа и на некој начин го профилираше Ахмети како можен кандидат за листата на непријатели на Америка.

ДУИ веќе го избриша радикалното видео кое веќе не е достапно за пошироката јавност но тоа веќе направи огромна штета за Ахмети и ДУИ.

Додека најблискиот соработник му е на Црна листа на САД и е во бегство од прогон за корупција и криминал Ахмети се закануваше со војна.

,,Сад га видиш,САД га не видиш”

ДУИ го избриша видеото кое може Ахмети да го стави на Црна Листа

Гренланд нема да биде прв пат – Данска веќе отстапила своја територија на САД, потсетува македонски професор

Најчитани статии

За загинатите 45 патници во запалениот автобус виновна и бугарската Агенција за патна инфраструктура

Пиротехничарот што го нема никаде

Дрин Ахмети во Америка, неговата фирма Тхор како и Соравија со блокирани сметки