Ахмети денес ќе каже по кој пат ќе продолжат да чекорат ДУИ и коалицијата „Европски фронт“

„Лидерот на ДУИ Али Ахмети ќе се обрати од Мала Речица – ќе ги соопшти следните чекори на Европскиот фронт“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 додава во веста: Претседателот на ДУИ Али Ахмети денеска ќе се обрати во јавноста од седиштето во Мала Речица. Прес конференцијата е закажана за 13 часот. Се очекува да ги каже идните чекори на коалицијата Европски фронт.