„Грешат македонските партии кога велат: ‘Им ја вративме Македонија на Македонците!’ Но од ова се раѓа прашањето: Од кого ја зеле? Тие треба да знаат дека оваа држава не е само на Македонците, туку и на сите граѓани, кои живеат во неа.“ – изјави лидерот на ДУИ Али Ахмети синоќа во говорот на средбата во Брвеница, Тетовско. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Тетова сот“, пренесувајќи го соопштението на ДУИ за тој настан.
Натаму порталот пренесува: „На средбата граѓаните ја искажаа својата загриженост и забелешки во однос на пристапот на сегашната влада кон Албанците, при што беше истакната неопходноста за правичен и еднаков третман на сите граѓани воопшто и на Албанците особено. Лидерот на ДУИ Али истакна дека неговата партија ќе стои цврсто во секоја битка, бранејќи ги темелите на Охридскиот договор, кој останува столб на стабилноста и мирот во * Македонија. ДУИ ќе продолжи да ги штити правата на Албанците и за унапредување на нивните интереси во иднина.“ – се вели во соопштението на ДУИ.





