Ахмети: Ако се македонски патриоти, да ја градиме државата заедно, инаку нема да биде стабилна! – Албанците ќе одговорат силно на дискриминацијата!

„Ако се македонски патриоти, да се вразумат час поскоро и да ја градиме државата заедно, инаку одвоено таа нема да биде стабилна! Да не се влегува во опасни игри! Не гибајте ги непркосновениот албански јазик, националните симболи и правичната застапеност на етникумите! Одговорот ќе биде многу силен во случај на дискриминација на Албанците!“ – со овие „предупредувања“ и закани се огласи лидерот на ДУИ Али Ахмети вчера од средбата со граѓаните на Дебар. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.



Информативниот портал на албански јазик „Алмакос“ пишува: „Ахмети повика да не се влегува во опасни игри. Тој нагласи дека на земјата ѝ е потребна стабилност. ‘На оваа земја и требаат добри меѓуетнички односи, а одговорноста ја носат двете најголеми заедници. Ако се тоа македонски патриоти, можат сами да го направат ова, но не шетајќи натаму-наваму, на север, југ и југозапад. Само заедно можеме да ја градиме оваа држава. Одвоено оваа држава нема да биде стабилна, затоа нека се вразумат час поскоро. Не гибајте го непркосновениот албански јазик, националните симболи и правичната застапеност на етникумите.’ – посочи Ахмети.

„Тој предупреди дека ќе биде многу силен одговорот во случај на дискриминација на Албанците. Ахмети рече дека го подготвуваат одговорот за споменуваната можност за отворање на уставот и поништување на албанскиот јазик во официјалната употреба, што е здобиено со крв.“

„Според Ахмети, треба да се отвори истрага зошто Албанците беа исклучени од приватизацијата на заедничкиот имот на државата. Тој го спомена и бришењето на дијаспората од избирачките списоци, а сите овие постапки на сегашната власт ги нарече апартхејд.“