Лидерот на ДУИ рече дека неговата партија не ги оспорува одлуките на Американскиот Стејт департмент, а дека Артан Груби има право на жалба откако беше соопштено дека е ставен на американската „црна листа“.
„Ова право господин Груби го има во одлуката на Стејт депарментот и тој сигурно нема да му наштети ниту на неговиот политички субјект, ниту на неговото семејство, до моментот кога овој процес ќе добие финална разврска“, изјави денеска Ахмети, пренесува Плусинфо.
На новинарско прашање доколку му се утврди вина, дали ќе биде отстранет од партијата, Ахмети рече дека Груби е совесен и одговорен човек и дека нема потреба партијата да го отстрани, туку дека тој сам ќе се повлече од сите партиски функции.
„ Господинот Груби е член на ДУИ, личност која четири години ја водела Владата на Република Северна Македонија. Секој член на ДУИ има обврска, без разлика на која функција се наоѓа, на повисоките или пониските нивоа да ги спроведува платформата и избирачката програма на ДУИ“, рече Ахмети.





