Метро станиците „Синтагма“, „Универзитет“ и „Омонија“ во центарот на Атина ќе останат затворени в недела, 4 февруари, во пресрет на големиот митинг насловен „Во одбрана на Македонија“, на кој се очекува присуство на над еден милион луѓе.



Станиците, по препорака на полицијата, ќе бидат затворени од 10 часот до завршување на митингот.

Возовите ќе поминуват, но нема да застануваат на овие локации, јавуваат грчки медиуми.