Асад и семејството добија азил во Русија

Башар ал Асад, кој владееше со Сирија речиси 25 години, се наоѓа со семејството во Москва, објавија повеќе руски медиуми.



Според нив, Русија му дала азил на семејството Асад.

Новинската агенција Интерфакс цитира неименуван извор кој кажал: „Сирискиот претседател Асад пристигна во Москва. Русија им (нему и на неговото семејство) даде азил од хуманитарни причини“.

Асад ја напушти Сирија откако нареди мирно предавање на власта, соопшти претходно денес руското министерство за надворешни работи.