Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, му порача на техничкиот премиер дека Скопје не е Форино и дека сами треба да си го уредат дворот околу Владата.
„ВД Премиерот Талат од Форино дал насоки за нов напад од некаков си секретар на Владата, кој подеднакво не знае што му е работата. Знаат пред некој ден да склучат договор од 2,2 милиони евра за рентање луксузни коли за да се вози Талат, а не знаат да си ја искосат тревата во сопствениот двор. Еве да ги потсетиме на договорот што го склучиле за одржување и косење на дворот во Влада и тоа за 330 илјади евра!
За „независните” медиуми, да потенцирам не е ова расправија за тоа чија надлежност е, тоа е јасно, Владата треба да си го среди своето.
За ретките медиуми кои истражија дека извесна фирма ТРИСТА ГРУП секоја година за косење и цвеќиња наплаќа МИЛИОНИ ЕВРА од државните институции, наместо да ангажираат јавно претпријатие за десетпати пониска сума.
И уште еднаш, не знам како функционира во Форино, ама во Скопје нема друг да ви го одржува дворот, тоа ќе морате сами!“, вели Арсовска.
Претходно, Талат порача до Аросвска да наложи јавно претпријатие да ја искоси тревата.





