Аргентинската влада одлучи да ги декласифицира документите за нацистите кои пристигнале во Аргентина барајќи азил по поразот на Германија во Втората светска војна.
Одлуката е донесена по барањето на американскиот републикански сенатор Стив Дејнс до претседателот Хавиер Мили.
По Втората светска војна, многу високопозиционирани нацисти ги користеа таканаречените „патеки за стаорци“ – патишта за бегство што водат кон Јужна Америка.
Јозеф Менгеле – познат како „Ангел на смртта“ поради неговите ужасни експерименти во логорот Аушвиц, успеал да се скрие во Аргентина и во други земји во Јужна Америка.
Адолф Ајхман – еден од главните организатори на холокаустот – живеел под лажно име во Буенос Аирес додека не бил заробен од израелската разузнавачка служба Мосад во 1960 година.
Ерих Прибке, учесник во масакрот во Ардеатинските пештери во Италија, живеел во Аргентина под лажен идентитет додека не бил демаскиран во 1990-тите.






