Арбeн Таравари најави дека ќе ја обжали одлуката на Основниот суд Тетово кој пресуди дека печатите на Алијанса за Албанците (АА) и официјално му припаѓаат на Зијадин Села.
Споре него, важно е кој ги има членовите, а не печатите по послдната одлука на Судот.
„Ние продолжуваме, сега оди во Апелација, партијата продолжува комплетно да функционира и 80 отсто од членството, и повеќе од 80 отсто од членството се во Алијанса за Албанците.
Меѓутоа, често велам ирелевантно е кој како ќе се нарече. Партиите и сите институции се на луѓето, на членовите на општеството, а не на индивидуи. Јас сум моментално, утре ќе биде некој друг, вчера беше Зијадин и така натаму… Важно е кој ги има членовите, а не кој како ќе се нарекува“, вели Таравари во интервју за РСЕ.






