Наплатата на сметки за зтруја од страна на ЕВН во Арачиново се зголемила од 20 на 87 отсто, изјави синоќа во гостување на МРТВ, министерот за економија, Крешник Бектеши.
Покрај зголемена наплата, тој потсети дека и натаму важи договороот со ЕВН според кој на граѓаните им се оставила можност претходните долгови да се плаќаат на рати.
„ Долгот не е простен. Направен е рамковен договор од ЕВН кон сите потрошувачи за одреден период да се исплаќа.
Тоа е затоа што имаше проблеми во делот на фактурирање од ЕВН кон потрошувачите. И тоа не се случува само во Арачиново“. рече министерот.





