Апсење на МВР: Имале крв во алкохолот или алкохол во крвта?

МВР информира дека се лишени од слобода двајца возачи поради возење под дејство на огромна количина на алкохол.



Денеска (06.04.2025) полициски службеници од ОВР Кавадарци ги лишиле Х.К.(22) и А.М.(35) поради сомнение за сторено кривично дело ,,Безобзирно управување со моторно возило,, предвидено во член 297 А од КЗ, а поради управување на возило под дејство на алкохол.

Имено, кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта”, информира МВР.

Лицата се задржани во ОВР Кавадарци, известен е Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.