Апологет на Заев и СДСМ тврди дека Трамп е измамник и социопат

Апологетот на Заев и СДСМ, колумнистот Ненад Јовановиќ кој тврдеше дека нема замена за екс премиерот од Струмица тврди дека американскиот претседател Доналд Трамп е измамник и социопат.



Јовановиќ оценката за Трамп ја дал по вчерашниот обид за убиство врз екс американскиот претседател.

Тој смета дека Трамп сам го режирал атентатот врз самиот себе си.

,,Трамп е измамник и социопат. Ваква лоша режија одамна не сум видел. Наеднаш сета безбедност се насобра околу него, а тој демек погоден со куршум во увото, крева тупаница и салутира: “Борба” “Борба” “Борба”, а во микрофон вели, “Чекајте, чевелот да си го земам”.

Сите спин-доктори на твитер му бустираат рејтинг: Маск, Карлсон итн. итн. Наеднаш се појавуваат сведоци со изјави, “пукнаа од тамо”, или “не, ми се чини дека пукнаа од онаму”, или “видов човек, легнат, со снајпер” и бла, бла, бла.

Мас-медиуми прават чуда. Се плашам дека ова му е карта за победа на следните избори. Има купишта лековерни кои се хистеризирани од масовните медиуми. И голтаат ли голтаат хистерија и пропаганда”, пишува Јовановиќ.

Трамп е жив и здрав, не берете гајле. Треба да добие оскар за хистерија и пропаганда.