Јас сум роден Македонец и таков ќе умрам, за разлика од вас, кои државата ја направивте ку*тон, им порача најдобриот кошаркар на Македонија на тие што на социјалните го обвинија дека за клубовите дава одлични партии а за Македонија одбива да игра.
По одличната партија против Реал Мадрид, Перо Антиќ на патот кон Белград одлучи преку „Фејсбук” да одговори на една порака во која се осудува неговата одлука повторно да не игра за македонската репрезентација
Антиќ вчера со тројка во последната секунда го потопи Реал во Мадрид.







