Анкета: 80 отсто од македонските граѓани се против уставни измени како услов за преговори со ЕУ

Само 20 проценти од македонските граѓани поддржуваат Уставни измени како услов за отпочнување на преговорите со ЕУ – Ова го покажува анкетата што од октомври до декември 2024 ја спровеле Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ – Скопје (ИДСЦС) во соработка со Фондацијата „Конрад Аденауер“-Скопје за анализа на перцепцијата на јавноста во однос на европската интеграција. 80 отсто се против уставни измени.



-Останатите се доста поделени помеѓу:Статус кво, повлекување од процесот и промена на Преговарачката рамка. Интересно е да се забележи дека граѓаните не го перципираат толку процесот како задоволување на условите од соседите, туку повеќе гледаат на некоја реформирачка и демократска вредност на процесот, значи процесот повеќе го гледаат како усогласување со стандардите и законите  на Европската Унија, изјави Анамарија Велиновска истражувач во Центар за европски интеграции при ИДСЦС пред презентацијата на наодите од истражувањето.