Турскиот претседател призна дека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), на која тој раководи, не ги постигнала посакуваните резултати на општинските избори во републиката на 31 март.



„Девет месеци по нашата победа на [парламентарните и претседателските] избори во мај 2023 година, за жал не го постигнавме резултатот што го посакувавме и на кој се надевавме на општинските избори“, рече тој во Анкара. –

АКП на Ердоган ги загуби сите поголеми градови на изборите на кои повеќе од 61 милион гласачи во Турција го добија правото на глас. Тој изјави дека не очекувале такви резултати, но дека во се има добро.

„Ќе ја послушаме волјата на народот, како и во минатото. Народот ги кажа последните зборови“, истакна тој.

Според 95,08 отсто од преброените гласачки ливчиња, главната опозициска Народно-републиканска партија (НРП) има поддршка од 37,47 отсто од гласачите во земјата, додека владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) има поддршка од 35,67 отсто одгласачите, информира ТВ Си-Ен-Ен-Турк.

Одѕивот на гласачите бил 73,95 отсто.

Во текот на ноќта, градоначалникот на метрополата Истанбул, Екрем Имамоглу, кој уште еднаш беше промовиран како кандидат за функцијата на кемалистичката НРП, објави победа на изборите. Имамоглу рече дека води во локалното гласање со повеќе од еден милион гласови со преброени 96 отсто од гласачките ливчиња.

Малку порано својата победа ја објави и актуелниот градоначалник на Анкара Мансур Јаваш, кој беше и кандидат за градоначалник на главниот град од НРП. Според последните податоци (според 89,6 отсто од преброените гласови), Јаваш добил поддршка од 59,98 отсто од гласачите, додека 31,9 отсто од граѓаните гласале за кандидатот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП) Тургут Алтнок.