Ангел од Македонија почина на плажа во Македонија, грчкиот спасувач со емотивна исповед

Голема трагедија во Грција каде 19-годишен Македонец го загуби животот на плажа во Ханиоти.



Грчкиот спасувач волонтер кој се обиделе да го реанимира младиот Македонец открива дека и покрај брзата реакција на спасувачите ,,ангелот од Македонија” починал.

Според грчките медиуми, причина за смртта е срцев застој од давење.

Македонецот бил извлечен од водата од страна на спасувач на плажата и веднаш му била укажана прва помош.

Покрај спасувачот од плажата, на помош дошол и спасувач волонтер, како и брза помош.

Откако момчето било однесено во болница, лекарите констатирале смрт.

Во емотивна објава на Фејсбук се волонтерот спасувач раскажува за трагедијата:

„19-годишно дете…

19-годишен ангел…

19-годишен несреќен млад човек од Македонија кој имаше срцев застој по давење на централната плажа во Ханиоти…

Имаше брза реакција на спасувачот од областа, или кој и да го извлече младиот човек со помош на неколку капачи, и ја започна постапката за реанимација.

Повикот беше примен во 16:45 и за 2 минути пристигнав на местото и почнав да му помагам на спасувачот да го вратиме детето во живот.

Имаше брз одговор од екипите од брза помош кои ја продолжија борбата, но за жал, без посакуваниот резултат…

Го транспортиравме детето до здравствениот центар, а јас бев во амбулантното возило со болничар и правев реанимација до болницата, додека возачот возеше брзо и внимателно колку што можеше. За жал, лекарите ја констатираа смртта на детето.

Луѓе, сè што можам да му посакам на светот и на вас е да бидете во добро здравје бидејќи, за жал, животот е краток“.