Ангелов преку медиумите најави дека „Достоинство“ на изборите нема да биде дел од коалицијата со СДСМ

Лидерот на партијата „Достоинство“, Стојанче Ангелов, најави напуштање на владината коалиција.



Тој во телевизиско гостување изјави дека иако се уште не им соопштиле на коалиционите партнери, со кои како што истакна имале супер соработка, сепак, нема да настапат на следните избори со нив.

Англеов зборуваше и за нивното барање за надминување на проблемот со 15-те семејства на загинатите бранители и воени инвалици.

Ангелов во име на „Достоинство“ во гостувањето во Студио 10 на ТВ24 најави дека имало добра волја за решавање на ова прашање, но сепак дополни дека се уште не е конечно.

– Постоеше добра волја од страна на премиерот, министерската Петровска настојуваше да ја истурка оваа одлука во влада. Кога видовме дека нема да помине, изработивме предлог закон за измени и дополнување постоечкиот закон за бранители со само една точка – исправање на неправдата која се провлекува повеќе од 20 години и бев изненаден кога во Собранието во првата фаза овој предлог закон доби поддршка и од ВМРО-ДПМНЕ и пратениците од СДСМ. Ние на следните избори нема да бидеме дел од коалицијата предводена од СДСМ, со тоа што се уште не сме имале средба да зборуваме на оваа тема – рече Ангелов.