Половина од македонските граѓани се активни пушачи на цигари. Според статистиката на Институтот за јавно здравје, 50% од луѓето се најголеми консуматори на тутунот во споредба со жителите од југоисточна Европа, каде просекот на пушење е 22%. Споредбено се земјите од Европа, во Македонија цигарите сè уште се продаваат најевтино, обајви МРТ1. Токму поради тоа, граѓаните никако да се откажат, од како што велат, оваа штетна навика. Но има и граѓани кои никогаш не запалиле цигара.

Македонија е една од првите 10 држави во светот со испушени цигари на човек, а статистиката за младите пушачи од 12 до 15 години изнесува 13%, покажува истражувањето од „Аналитика“. Проблем е и тоа што помладата популација се повеќе се фаќа за цигара. Пулмолозите по којзнае кој пат алармираат за откажување од цигарите, но како што велат сето е попусто.

Паралелно, пушењето во угостителските објекти е чувствително прашање. Иако некогаш целосно беше забрането тоа, сега е дозволено само на отворените тераси и летните бавчи. Според СЗО, во светот пушат над 1 милијарда луѓе, од кои 200 милиони се жени.





