Преговорите за името и се поочигледниот западен притисок врз Атина за решавање на спорот за името предизвикаа сериозни турбуленции какви што немало од финансиската криза во 2012-13 година.
Ова се дел од состојбите кај јужниот сосед што можат да имаат кдаткорочни ефекти врз спорот но и долгорочни во обидот конечно да се смират страстите меѓу Македонија и Грција:
Грчкиот премиер Алексис Ципрас не обезбеди национален консензус и без подршка ќе го дочека медијаторот Нимиц. Практично Ципрас остана сам да ја турка агендата која што ја очекува Брисел, Вашингтон и Берлин.
Против позициите на Ципрас е мобилизирана ГПЦ која е против решение во кое ќе се содржи зборот Македонија како и бизнисмените кои преку спортските клубови ги финансираат протестите и Црквата и градат негативна перцепција во јавноста.
Во овој дел се инволвирани и националистички сопственици на медиуми кои поради убедување или поради маркетинг договори ја радикализираат јавноста.
Владата официјално ќе заземе позиција по одзивот на митингот против име со Македонија на 04.02 кој речиси сите политички партии [АНЕЛ, НД, Златна Зора, Центристите] ќе го подржат логистички иако поради страв кд западот нема јавно да се декларираат.
Во исто време Сириза со сите свои фракциии се обидува да најде нов партнер за коалиционата влада ако АНЕЛ на Каменос кој не сака да има Македонија во решението, реши да ја напушти коалицијата.
Во моментив Сириза е сигурна дека ќе обезбеди 151 пратеник за било кое решение за името кое се носи со просто мнозинство во парламентот.
Против Ципрас се сите политички партии кои имаат забелешки за Грчката владина позиција а дел од нив, лево од центарот се согласни за барање за промена на Уставот на РМ за отстранување на иредентизам и бараат правни гаранции за тоа.
Наспроти нив се партиите од Центар кон десно кои се согласни да нема збор Македонија во решението. Иако без сериозни ингеренции состојбата ја комплицира и грчкиот претседател Павлопулос кој бара промена на Устав, правни гаранции но и решението да не содржи име Македонија што е спротивно на позицијата на Сириза.
Масло на огнот додава и крајната десница, фашистите на Златна Зора, кои поддржани од дел од црквата и офицери на грчката армија повикуваат на војна со Македонија за да го одбранат грчкиот монопол за името.
Ваквиот развој на настаните создава простор за сценарија со широк дијапазон во Грција.
Од една страна е можно брзо решение на името и создавање на навидум пријателски врски меѓу двете земји без да има сериозни турбуленции.
Од друга страна, можно е повлекување на Ципрас од преговорите и создавање на нова бетонирана трајна позиција на Грција за решение без зборот Македонија.
Третата опција е Ципрас да го заврши процесот по што може да дојде до губење на мнозинството и нова политичка криза со предвремени парламентарни избори по кои ќе нема можност за решение на спорот за името.
Според сегашната позиција на Нова демократија, која што е извесен победник на следните избори, прашањето за името ќе биде ставено ад акта на подолго време.





