САД се враќаат во регионот, Македонија и Грција подготвени за сложено име

Грчките медиуми се повеќе пишуваат за можноста од решавање на спорот за името во следниве 18 месеци.



Една од причините за изнаоѓање на решение меѓу Грција и Македонија е што Американците се враќаат во регионот со зголемен интерес пред се поради тоа што се плашат од зголемено влијание на Русија во слаби земји како Босна и Херцеговина.

Веднаш по посетата на американскиот претставник Хојт Ји и европската претставничка Федерика Могерини грчкиот весник Катимерини објавува дека новите македонски власти се подготвени да направат компрoмис и да дадат концесии во преговорите за името а во исто време тие се охрабрени од очигледната подготвеноста Атина да разговара за „сложено име за ФИРОМ“.

Според дипломатите кои што ги цитира весникот, САД на двете страни им препорачале да избегнуваат јавна дебата за прашањето со цел да се избегнат високи очекувања од јавноста. Целта на овој чекор е догодина да бидат преземени чекори од двете страни кои што би биле завршени до претседателските избори во Македонија и пред парламентарните избори во Грција во 2019 година.