Националните авиокомпании на Јордан и Кувајт денеска објавија дека на своите патници им ја враќаат можноста да користат и пренесуваат лаптоп компјутери на летовите кон САД, одлука која Американците ја ставија во сила во март. Забраната беше воведена поради страв дека членови на ИСИС и други исламски екстремисти ќе се обидат да скријат бомби во лаптоп компјутерите.
Кралската јорданска авио компанија објави дека започнале да применуваат други форми на “Засилените безбедносни мерки”, додека авиокомпанијата Кувајт Ерлајнс само објави дека забраната ќе биде укината. Со тоа Американците, кои пред три месеци забранија пренесување на компјутерите во авионите кои летаат кон САД од 10 блискоисточни земји и турски градови е делумно суспендирана.
Во текот на изминатите неколку дена, неколку компании беа известени за укинувањето на забраната, пренесува АП, што ќе биде големо олеснување за патниците, особено за Јорданската кралска авио компанија која секоја недела има 16 директни летови до Чикаго, Њујорк и Детроит.






