САД го зазедоа првото место во вкупниот број медали на Светското првенство во пливачки и воопшто водени спортови што вчера заврши во Будимпешта.
Американските пливачи освоија 21 златни, 12 сребрени и 13 бронзени медали на шампионатот. Второто место го освои Кина со 12 златни, 12 сребрени и 6 бронзени одличја, а трети се пливачите на Русија со 11 златни, 6 сребрени и 8 бронзени медали.
29 нации од 191 колку што учествуваа освоија медали, меѓу нив секако, не беше Македонија која имаше двајца натпреварувачи, Евгениј Поп Ацев и Анастасија Богдановски чии настапи беа маргинални.





