Со головите на Меси, Ракитиќ и Пике, Барселона го победи Реал Мадрид во меч одигран во Мајами. Самата средба беше раритетна зошто беше само втора одиграна меѓу најголемите ривали надвор од Шпанија. Барса водеше со 2-0 по седум минути, а Кралевите се вратија за нерешено во 36. минута преки Ковачиќ и Асенсио. Погодокот на Пике во почетниот дел од второто полувреме го реши дуелот во кој и во продолжение имаше шанси. Тие не беа искористени, па Каталонците слават во првото сезонско Ел Класико соочување.
https://youtu.be/o3CCf-uo0QA




