Американски колумнист бара од Трамп да притисне за истрагата за Бејли

Филип Дејвис, колумнист на „Америка аут лауд“, му се обрати преку „Твитер“ на претседателот на САД, Доналд Трамп, замолувајќи го да притисне за забрзување на истрагата за американскиот амбасадор во Македонија, Џес Бејли.



„Господине Претседателе, Ве молам да наредите предавање на сите информации што ги побара ‘Џудишал воч’ во врска со наводното матење на амбасадорот Бејли со Фондација ‘Отворено општество’ на Сорос во Македонија и во Албанија преку префрлање на милиони наши долари од даноци до Фондацијата за да предизвика соборување конзервативни влади. Стејт департмент им дозволи на ФОИА-барањата (Акт за слобода на информациите – н.з.) да истечат. Сега почнаа судски постапки. Ве молиме, не дозволувајте ова да биде дамка на Вашето претседателство. Ви благодарам“, напиша некогашниот долгогодишен припадник на военото воздухопловство на САД, кој подоцна заплива во новинарските води, покренувајќи и своја вебстраница.