Кога се зборува за американската кујна, еден од најпознатите рецепти е питата со јаболки или американска пита. Подготoвката е многу брза и лесна, и остава простор за креативност во декорацијата со ленти,плетенки или дополнителни украси од тесто.



Потребно за тестото:
-450 гр брашно
-225 гр путер или може и маргарин за колачи (ладен од фрижидер)
-100 мл ладна вода
-малку сол

Потребно за филот:
-1 кг излупени и иссецкани јаболки
-100 гр шеќер
-1 лажичка цимет
-малку морско оревче
-малку вода
-изрендана кора и сок од 1 лимон

Подготовка:

Ладниот маргарин иссечете го на коцки, додадете малку сол и постепено измесете го со брашното да се добие смеса како тарана, потоа постепено додавајте вода додека да се добие меко и мазно тесто. Завиткајте го во ќесе или проѕирна фолија и ставете го во фрижидер околу 20 минути.

Поедноставен начин е да ги измешате јаболките со сок и изрендана кора од лимон, цимет, морско оревче и шеќер, според дозите наведени погоре, и да ги запржите на малку путер. Вака добиениот фил се остава да се излади малку.

По 20тина минути го вадиме тестото од фрижидер и го делиме на два дела од кои едниот треба да е нешто поголем. Двата дела ги размесуваме во форма на круг. Поголемиот дел го ставаме во подмачкано округо тавче бр.26 или специјално тавче за пита/кростата. Треба да има тесто да се обложат и рабовите на тавчето.

На средина го ставаме филот и го покриваме со другата половина од тестото. Краевите ги свиткуваме во плетенка или ги прилепуваме со помош на виљушка. За подобро да се испече на средината го засекуваме и го прободуваме со виљушката на неколку места.

Го премачкуваме со млеко или белка за да добие поубава боја.

Се пече во загреана рерна на 200 степени првин 20 минути, се вади да се премачка уште еднаш, се намаува на 180 и се пече уште 20 мин. Повторно се вади да се премачка и за вкус можете да го посеете со шеќер. Се намалува на 170 степени и се пече уште 20 минути.