Амбасадорката на САД, Анџела Агелер, ја прими ракометната репрезентација на Македонија, која ја бодреше од трибините во Вараждин на неодамнешното Светско првенство.
Во знак на благодарност, претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов, и селекторот Кирил Лазаров ѝ подарија македонски дрес и топка своерачно потпишана од сите ракометари кои учествуваа на СП.
„Со задоволство го признаваме достигнувањето на машката ракометна репрезентација денес во Амбасадата! Спортот ги зближува луѓето и игра голема улога во инспирацијата за извонредност и на следната генерација лидери“, напиша Агелер на Икс (поранешен Твитер).
РФМ изрази голема благодарност за приемот и за подршката од Амбасадата на САД.






