„Алфакс“: Валкано сценарио во Гостивар и предавство на Таравари кон АА, се кандидира сам и го отстранува Валбон Лимани од трката!

„Гостивар е точка на пресврт – Таравари се кандидира сам, а не Валбон Лимани. Арбен Таравари склучил тајни договори со ДУИ и Али Ахмети, но многу брзо нечистотијата и валканите зделки излегоа на виделина! Блиски извори потврдуваат дека е направен мрачен договор за поделба на општините на претстојните локални избори.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“.



Натаму порталот шишува: Во ова ново политичко сценарио, се очекува Таравари лично повторно да се кандидира за Општина Гостивар, отстранувајќи го Валбон Лимани од трката, кандидатот кој беше поддржан од партиските структури Оваа одлука нашироко се смета како чисто предавство на Лимани и сите оние кои досега стоеја покрај Таравари.

Вечерва во Гостивар ќе се одржи вонреден собир на тараваристите! Поддржувачите, пријателите и најблиските соработници на Арбен Таравар се собираат на итен состанок, каде што се очекува да се откријат договорот зад сцената со Али Ахмети и поделбата на општините со ДУИ и Зијадин Села. – објави „Алфакс“.