Алкалоид гази – четири дена по Еурофарм Пелистер го тресна и Вардар!

Ракометарите на Алкалоид ја најавија својата кандидатура за прва шампионска титула во само тригодишната историја на клубот од Автокоманда со триумфот на свој терен над двократниот европски првак Вардар од 33:30, резултат со кој само пред четирири дена го совладаа и шампионот Еурофарм Пелистер во Суперкупот во Гевгелија.



Освојувачот на Купот на Македонија минатата сезона го доби првото полувреме со 18:17, а откако во второто стигна до позитива од четири гола не ја испушти решавачката предност до крајот на натпреварот.

Бековите Марко Митев и Мартин Серафимов со по осум гола беа најефикасни во тимот на Кирил Лазаров, за кој десното крило Никола Костески постигна шест, а во поразената екипа се издвоија пикерот Милан Лазаревски со шест и левиот бек Дмитро Горига со пет.