Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, уште еднаш потврди дека неговата партија останува дел од владината коалиција.
„Ние сме дел од Владата бидејќи презедовме обврски за продолжување на реформите и за да бидеме во Владата како дел што секогаш ќе алармира кога оваа влада ќе заличи на минатата. Ние во моментов сме дел од Владата. Единствениот политички чинител во Владата кој што сака Алијанса за Албанците да не биде таму, да нема владина коалиција, се ДУИ и Али Ахмети. Ова беше кажано повеќе пати во текот на кампањата, дури имаше и констатации дека Алијанса ја напуштила коалицијата“, изјави Села.





