Албанците поеднакви од помалите заедници, Стоиљковиќ против Мемеди (видео)

– Јас сум единствениот Србин пратеник во Собранието на Република Македонија што гласал за сите закони со кои се прошируваат правата на на Албанците во Македонија. Што се направиле вие за другите помали заедници.



Ова на собраниската комисија на која вчера се расправаше за новиот закон за јазици со кои албанскиот треба да стане службен јазик на државата го праша пратеникот на Демократската партија на Србите во Македонија, Иван Стоиљковиќ.

Вие стававте стотици амандмани на сите закони со кои што можеше да се подобрат правата на помалите заедници, изјави Стиљковиќ кој од албанските пратеници во Собранието побара да ги намалат стравувањата на сите граѓани од носењето на законот и ако сакаат да докажат дека сакаат сите да бидат рамноправни пред законот да го прифатат амандманот со кои сите јазици во Македонија ќе бидат рамноправни во законот за јазиците.

Пратеникот на коалицијата Алијанса на Албанците на прашањето што направиле Албанците за другите помали заедници одговори со прашање. Тој не сакаше да му одговори на Стоиљковиќ се додека тој не одговори на прашањето: Што направи ВМРО – ДПМНЕ за другите заедници во земјата.

Мемеди побара за да се решат отворените прашања во Македонија  да се промени уставот и сите јазици во Македонија да бидат рамноправни.

Пред два дена Стоиљковиќ изјави дека „Се случува токму она на што предупредувавме. Владата на Зоран Заев почна да ја спроведува тиранската платформа, основата на која е и формирана“.

Според него, ако некој не сака да се почитува само албанскиот јазик, или да се проектира само двонационалноста во земјата, тогаш треба да ги изедначи сите јазици на националните заедници во Македонија и македонското општество, па да имаме заеднички однос за сите и еднаков став кон сите. Ако нема скриени агенди, тогаш различноста треба да се потенцира, треба граѓаните да се тргнат од скриените сценарија и да им се покаже дека оваа власт сака тука сите послободно да живееме. Владата на Заев треба недвосмислено да покаже дека се против скриени сценарија и дека се за рамноправност на сите граѓани на Македонија”, изјави  Стоиљковиќ.