„Претседателката на Косово Вјоса Османи му го честита изборот на Африм Гаши по повод неговото преземање на должноста претседател на Собранието на * Македонија, порачувајќи: Албанците од * Македонија одиграа клучна улога во формирањето на државата * Македонија.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“.
„Алмакос“ ја пренесува честитката до Гаши, која Османи ја објави на општествената мрежа Икс, поранешен твитер: „Честитки до штотуку избраниот претседател на Собранието на * Македонија Африм Гаши и посакување да има многу успеси на оваа важна позиција! Албанците од * Македонија одиграа клучна улога во формирањето на * Македонија како држава и во нејзиното градење како држава. Тие се денес клучни придонесувачи за нејзинта европска перспектива. Нашите држави имаат одлични меѓусоседски односи, засновани врз заемна почит, пријателство и соработка.“





