„Оружен судир, во кој има еден повреден, се случи во скопското село Долно Количани, предмалку вечерва, на 8 септември 2024 година. Според првите информации, повредениот од оваа пресметка, која прераснала во оружен инцидент, е пренесен во болница.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алфакс“ повикувајќи се на пишувањето на вториот портал на албански јазик „НМК.Пост“.
Натаму, „Алфакс“ пренесува: Се уште не се познати причините, кои го предизвикале овој оружен инцидент. На местото на настанот се пристигнати големи полициски сили и се работи на расветлување на случајот.






