„Денеска се навршуваат 23 години од почетокот на војната во поранешната југословенска Република Македонија, која по решавањето на спорот за името со Грција се вика * Македонија. Албанците од Македонија се фатија за оружјето и беше создадена УЧК, за да ја промени албанската судбина во оваа земја, во која Албанците беа угнетени и дискриминирани.“ – се наведува во статијата под наслов „Денес се навршуваат 23 години од почетокот на војната во Македонија“, која ја објавија ТВ Клан Македонија, „Тетова сот“ и други медиуми на албански јазик во Македонија и Балканот.
Во статијата пишува: Две години по завршувањето на војната во Косово, Албанците од Македонија се фатија за оружјето повторно под ознаката УЧК. Беше создадена уште една војска, која се обидуваше со пушката да ја промени албанската судбина во поранешната југословенска република, во која македонскиот елемент беше доминантен. Во оваа поранешна југословенска република во условите на независноста македонскиот елемент го имаше продлабочено угнетувањето на албанскиот елемент.
Албанците, кои географски мораа да живеат во оваа земја, првично преку највисокиот акт на државата – уставот во 1991 година ги изгубија правата, што ги имаа со уставот од 1974 година. Иако уставот од 1991 година беше усвоен без гласовите на албанските пратеници, повеќедимензионалниот дискриминаторски тек продолжи натаму.
Како резултат на заморот и недовербата дека можат некогаш Албанците и Македонците да живеат заедно, УЧК одлучи прашањето да го доведе до крај. Преку оваа војна беше сензибилизиран и беше покренат и меѓународниот чинител, покрај албанскиот чинител. Преку дипломатските напори меѓу политичкиот чинител на власта, военото крило и меѓународниот чинител се постигна на оваа војна да ѝ се стави крајот со преговорите на страните вмешани во вителот на војната.
Со директно вклученост на посредници и од САД и Европа во Охрид беа водени разговори на рамниште на експерти и високи државни функционери, а рамковниот договор беше потпишан на 13 август 2001 година во Скопје. Како дел на Охридскиот договор страните постигнаа согласност да се создаде Секретаријат за спроведување на тој договор, но овој Секретаријат е згаснат пред три години и е префрлен во Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците.




