Албанскиот јазик во практика – Талат го официјализираше во Охрид

Охриѓани и гостите на Балканскиот фестивал на народни песни и игри вчера биле изненадени од протоколот со кој за прв пат на овој фестивал се користи Албанскиот јазик.Фестивалот го отворил спикерот на парламентот Талат Џафери кој по традиција е покровител а на отворањето покрај на македонски и англиски јазик како што тоа се прави од почетокот на најстариот македонски фестивал се користел и албанскиот јазик.
Како што јавува порталот охрид24.мк  и Џафери пред присутните говорел на македонски јазик, но за разлика од претходните говорници: заменик градоначалникот на Охрид Ангел Јанев и директорот на Центарот за култура „Григор Прличев“ Горан Стојаноски, говорот на Џафери беше преведен и на албански.
За разлика од обраќањата на македонски на англиски и македонски за албанскиот јазик публиката воопшто не ракоплескала, јавува охридскиот портал.
Поврзани вести
Предходно партиите на Албанците ДУИ и Алијанса на Албанците од СДСМ не го добија посакуваното место началник на Секторот за внатрешни работи Охрид