„… Во општината службен јазик покрај македонскиот и неговото кирилско писмо е и албанскиот јазик и неговото писмо – односно јазикот и писмото кои го користат најмалку 20% од жителите на општината.
За употребата на јазиците и писмата на кои зборуваат помалку од 20% од жителите на општината одлучува советот на општината.“
Ова е дел од член 7 од нацрт-статутот на општина Струга со кој албанскиот јазик се изедначува со македонскиот.
Досега во сила беше општинскиот статут од 2002 година според кој службен јазик во општина Струга е македонскиот и неговото кирилско писмо и јазикот кој го зборуваат најмалку 20 отсто од жителите на општината,
Но, како што пренесува „Алсат-М“, не се споменувал терминот „албански“.
За да помине новиот статут, тој треба да биде изгласан со дво-третинско односно со „бадентерово“ мнозинство.
Од советничката група на СДСМ велат дека ќе ја почекале „ јавната расправа. Ќе имаме и свои мислења и предлози“.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека доколку ваквиот предлог-статут кој воведува бинационалност и двојазичност во оптината биде изгласан, тие повторно ќе го обжалат до Уставниот суд.






