Запленувањето на дрога во пристаниште во Драч и откривањето на складиште за обработка на кокаин се два конкретни примери кои покажуваат дека албанските групи се повеќе се фокусираат кон трговијата со кокаин.
Овие сомнежи беа дополнително засилени со извештаи од земјите-партнери, пишува албанскиот портал „Exit.al“. Пред една недела, италијанскиот обвинител Де Рахо, за време на посетата на Тирана, изјави дека албанската мафија, покрај влијанието врз производството и трговијата со марихуана, неодамна се проширила на пазарот на кокаин благодарение на силните врски со италијанската мафија .
Американската разузнавачка агенција (ЦИА) во својот извештај за Албанија, на својата официјална веб-страница пишува дека: Албанија е транзитна точка на опијати од југозападна Азија и канабис преку Балканот – и еден мал дел – на кокаин кој доаѓа од Јужна Америка до западно европскиот пазар, пишува „Exit.al“.
Во 2017 година, Британската агенција за криминал во својата „Национална стратешка проценка на сериозни кривични дела и организиран криминал, 2017“ објави дека „балканските криминалци, а особено Албанците, ја шират својата мрежа на влијанија преку воспоставување директни врски со добавувачите на кокаин од Латинска Америка“ .
Во 2017 година, Канцеларијата за злосторства и дроги на Обединетите нации во својот извештај за криминалот и дрогата пишува дека „трговијата со кокаин преку Албанија кон западните и централните европски пазари значително се зголемува во споредба со кокаинот кој директно се превезува во пристаништата во централна и западна Европа“.
Според albanskiot portal, vo октомври 2017 година, шефот на грчкото полициско обвинителство Костас Панагиотопулос, зборувајќи za грчките медиуми за наодите од извештајот за трговија со дрога во Грција, изјавил:
„Албанија стана клучна улога во дистрибуцијата на кокаин кон европските пазари. Исто така, Албанија се користи како место за складирање на дрога и исто така игра улога во трговијата со хероин, додека Грците сé уште доминираат во дистрибуцијата на кокаин на грчкиот пазар“, пренесува „Exit.al“.





