Албанската емиграција тргнува, Кичево и Струга мора да паднат на 15 октомври

Кичево и Струга и селата кои што гравитираат во овие две општини на денот на одржување на локалните избори се најбараните дестинации за македонската емиграција во Европа од албански етнички бекграунд.



Уште од сега се пополнети 90 % од сите летови со авиокомпанијата Визер кои што пристигнуваат во Скопје на 14 и 15 октомври а се помалку има автобуски карти за редовните автобуски линии од европските дестинации до Струга, Кичево, Скопје, Тетово и други градови во Македонија.

Албанската емриграција во Европа уште од почетокот на август се координира и собира донации за плаќање на чартер автобуси и комбиња за пристигнување на изборниот ден.

Главните акции се водат во Берн во Швајцарија, Хамбург  – Германија, Брисел – Белгија и Виена – Австрија каде што десетина бизнисмени веќе најавиле дека ќе покријат најголемиот дел од трошоците за тие што сакаат да дојдат со својот глас да ја обезбедат победата на албанските кандидати пред се во Кичево и во Струга.

Според извори во албанската емиграција сеуште се анализира потребата емиграцијата да се вклучи во првиот или во вториот круг на изборите, но најверојатно ќе се обезбедат пари за двата изборни круга.

За разлика од минатите локални избори кога целата координација ја правеше структурата на ДУИ сега работата ја водат надпартиски организации кои што немаат цел да и помогнат на некоја конкретна партија туку пред се  да помогнат на секоја партија која што ќе дојде во ситуација да победи во мешаните  средини каде што има шанси да победи и македонската партија.

Дополнителни консултации ќе се прават и за Скопје за коалициите со СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ на локално ниво. Емиграцијата од гласачите Албанци ќе бараат да гласаат за најдобриот кандидат кој што најмногу се докажал во одбраната на албанската кауза.

На последните локални избори во 2013 година во Кичево и покрај коалицијата меѓу ВМРО – ДПМНЕ и СДСМ , ДУИ победи со убедлива разлика пред се поради околу 5000 гласа кои што пристигнаа од дијаспората.