Министерот за надворешни работи, Дитмир Бушати, одби да даде подетални информации за договорот постигнат со Грција со кој Албанија се откажува од дел од морето на сметка на јужниот сосед.
Иако грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас, вчера изјавил дека договорот е постигнат и дека Грција ќе земе 12 милји од морето од Албанија, министерот Бушати неколку пати го избегна прашањето и не даде конкретни одговори, пишува албанскиот портал „Exit.al
Министерот Бушати едноставно изјави дека „договорот ќе биде неколку пати поповолен од оној од 2009 година“, што укажува на тоа дека договорот сé уште не е целосно постигнат.
„Ви кажувам уште еднаш јасно и искрено, ние во принцип разговаравме за црвените линии зад кои не можеме да одиме“, рекол Бушати според кој „договорот е во целосна согласност со одлуката на Уставниот суд и со меѓународното право”.





