Кремљ реагираше на изјавите на францускиот претседател Емануел Макрон дека испраќањето западни трупи на теренот во Украина не е „на исклучок“ во иднина.
На вчерашната конференција во Париз, Макрон потврди дека „во оваа фаза нема консензус“ во врска со одлуката, но дека „ништо не треба да се исклучи“.
„Самиот факт дека се разговара за можноста за испраќање одредени контингенти во Украина од земјите на НАТО е многу важен нов елемент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на новинарите на прашањето за изјавите на Макрон.
„Во тој случај не би морале да зборуваме за веројатноста, туку за неизбежноста (на директен конфликт)“, рече Песков.
Шведска, Чешка и Полска се оградија од изјавите на Макрон.
Киев реагираше позитивно на коментарите на Макрон…






