Оваа година, ниту една поранешна држава која настана од Југославија не стигна до големото финале на Евровизија.
Словенија, Хрватска, Црна Гора и Србија беа елиминирани пред да влезат во големото финале, додека Босна и Херцеговина и Македонија воопшто не учествуваа на #Eurovision2025.
Од регионот учествуваше само Албанија која го освои високото 8 место иако беше трета според гласовите на публиката.

Победник на Евровизија 2025 е Австрија а огромни реакции и обвинувања за местење на резултати на социјалните мрежи предизвика првото место на Израел според гласовите од публиката.
Евровизија и годинава наместо музички настан се претвори во политичка дебата околу која повеќе се збореше за политика отколку за музика.





