Ако Пендаровски добро го чита „Маркет вижн“, треба веднаш да го фрли пешкирот пред Силјановска

Кандидатката за претседател на Македонија од ВМРО-ДПМНЕ професорката Гордана Силјановска Давкова има огромни 4 поени доверба од граѓаните во анкетата на Маркет Вижн во категоријата на кој политичар целосно му верувате.



Номинално актуелниот шеф на државата има повеќе, 7,3 % но неговиот потенцијал за победа во трката за претседател е многу помал.

Силјановска не е лидер на политичка партија ниту има висока државна функција а сепак Пендаровски има многу мала предност пред професорката која го прави аутсајдер во трката за претседател.

Ако на четирите поенти доверба од граѓаните на Силјановска се додадат и 25,1 проценти кои во оваа категорија ги има лидерот на ВМРО-ДПМНЕ а кои логично ќе одат на нејзино професорката доаѓа до речиси 30 проценти доверба, преднос за Силјановска пред Пендаровски која недостижна за шефот на државата.

Од друга страна Пендаровски заедно со гласовите на Ковачевски и Зоран Заев може да дојде до недоволни 13,4 проценти односно нема ниту половина од гласовите (29,3) кои може да ги очекува Силјановска од својот директен сојузник лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Пендаровски дури и со сите гласови кои одат за претставниците на власта Ахмети, Османи и Села не може да дојде до гласовите што Силјановска може да го освои само со помош на Мицкоски.

Ако на контото на Силјановска се додадат и опозициски настроените гласови на Максим Димитриевски, Димитар Апасиев и Никола Груевски, професорката теоретски може да се надева на половина од вкупниот број на гласови и тоа без никаква поддршка на албанската опозиција од ВРЕДИ.

,,Фрлањето пешкир” во боксот значи предавање на мечот.

Анкетирањето беше спроведено од 15 до 24 март со употреба на CATI метода – телефонско анкетирање со помош на компјутер на примерок од 1.200 испитаници (статистичка грешка: 3%; интервал на доверба: 99%).

Примерокот е репрезентативен на ниво на Македонија според: регион, пол, возраст и етничка припадност според податоците за резидентното население од пописот 2021 година.

Мицкоски со фантастична предност пред Ковачевски во најважниот параметар, нов силен удар за Ковачевски